калкулира (св. и несв.)
Науката го калкулира светот онака како што претходно го составила.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Науката го калкулира светот како што некогаш го составуваше.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Со промените кои се случиле во средината на 1943 година на воен и политички план во Македонија: формирањето на ЦК на КПМ, оперативните зони и формирањето на слободни територии, а посебно успешно изведените оружени акции кои биле преземени на територијата на Првата оперативна зона, во британското Министерство за надворешни работи почнале да пристигнуваат извештаи во кои се зборувало за “појава на македонските оружени партизански групи“.81 Таа информација за британскиот политички врв претставувала изненадување бидејќи дотогаш Британците не калкулирале со Македонија како фактор кој по војната би можел да биде самостоен и би претставувал субјект во политиката на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)